Напредни опции при создавање PDF со Bullzip PDF Printer

Лесно можете да создадете PDF документи во Windows така што едноставно ќе одберете да го сочувате документот во .pdf форматот, но што доколку сакате понапредни опции?

Bullzip PDF Printer, поточно најновата, дванаесетта верзија, ви дозволува да го заштитите документот со лозинка, како и да наметнете водени жигови. Паралелно со ова, имате поддршка за повеќе портови за печатачи, што знае да биде корисно за сочувување неколку pdf документи од еднаш. За да ја интегрирате алатката со повеќето апликации во Windows, потребно е да го изберете Bullzip PDF Printer како печатач.

Bullzip PDF Printer е бесплатен софтвер за лична употреба, но бара да се купи комерцијалната верзија доколку се користи од бизниси со над 10 вработени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии