Напредни C# туторијали со Никола Ѓоргиев – static

Во ова видео „Напредни C# туторијали“ Никола Ѓоргиев објаснува за „static“ класи, променливи и конструктори и употреба и интеракција со истите.

„Кога зборувавме за меморија досега ја споменувавме само динамичката меморија, односно heap и stack, која ја нарекуваме динамичка бидејки како што можевме да видиме, таа имаше можност да расте или да се намалува. За разлика од оваа динамичка меморија, имаме и статичка меморија, и се што ни е означено  како static, ни оди во таа меморија, и истата ке постои уште пред почетокот на програмата, и ќе постои и по извршувањето на main методата, се до затварањето на процесот за нашата програма. Оваа меморија во суштина се наоѓа во самиот heap, како посебен дел, кој се нарекува High Frequency Heap.

Со клучниот збор static може да означуваме класи, променливи, методи, пропертија, оператори, евенти и конструктори, додека пак деструкторите, индексерите и сите други типови кој не се класи, не можат да бидат означени како static. Кога нешто ќе означиме како static, тоа значи дека истото не може да биде истанцирано. Па така класа која е означена како static, не може да биде истанцирана“, објаснува Никола во документот(книгата) која ја пишува како дополнителна помош.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии