Напредни C# туторијали со Никола Ѓоргиев: Низи

Никола Ѓоргиев е Unity Developer кој реши своето C# искуство да го сподели со сите преку YouTube туторијали.

Видеата се одлично склопени едноставни за разбирање и што е вистинска реткост, на македонски.


Во ова видео Никола ќе не запознае со еден од најупотребуваните елементи „низи“. Како и во досегашните видеа и овој пат видеото доаѓа со теориски дел во книгата.

Низите претставуваат специјален тип на структурирани податоци, кои ни овозможува во една променлива да чуваме фиксен број на вредности.

Низите се reference type и наследуваат од System.Array. Во меморијата вредностите на низата се чуваат секвенцијално (една после друга) со што пристапот до истите е побрз, и со тоа добива на перформанси.

Низите се декларираат со:

int[] intArray;
string[] stringArray;
Product[] customClassArray;
Permissions[] enumArray;

На пример за декларирење на низа со 5 елементи се користи:

int[] intArray1 = new int[5];

//доделување на вредност 10 на првиот елемент
intArray1[0] = 10;
//индексирањето кај низите оди од 0 (првиот е 0 а последниот 4)
//доделување на вредност 15 на третиот елемент
intArray1[2] = 15;
//доделување на вредност 21 на последниот елемент
intArray1[4] = 21;
или:
//декларирање на низа од 5 елементи, и доделување на вредности за истите од 1 до 5
int[] intArray2 = new int[5] { 1, 2, 3, 4, 5 };//го користиме new клучниот збор
int[] intArray3 = { 1, 2, 3, 4, 5 };//не го користиме new клучниот збор

Работи кои се важни за низите:

  • Кога иницијализираме низа со помош на new клучниот збор секогаш мора да го наведеме бројот на елементите на низата (валидно int[] intArray = new int[5], невалидно int[] intArray = new int[])
  • Идексирањето на елементите започнува од 0, што значи дека првиот елемент има индекс 0 а последниот број_на_елементи – 1
  • Кога доделуваме вредности со средни загради { } веднаш по декларацијата, мора да ги наведеме сите вредности.

Многу повеќе податоци може да прочитате во текстот за низи и секако ќе дознаете многу повеќе ако го изгледате видеото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии