Напредни C# туторијали со Никола Ѓоргиев: Мултидимензионални низи

Никола Ѓоргиев е Unity Developer кој реши своето C# искуство да го сподели со сите преку YouTube туторијали.

Видеата се одлично склопени едноставни за разбирање и што е вистинска реткост, на македонски.


Во ова видео од туторијалите Никола објаснува за мултидимензионални низи како се креираат и зошто се користат. Еве што вели делот од документот кој ги следи видеата за овој туторијал.

Мултидимензионални низи

Веќе видовме како може да креираме низи и тој концепт треба да ни е познат. C# како и многу други програмски јазици, ни овозможува да креираме мултидимензионални низи, што во принцип ни претставува дво димензионална структура за зачувување податоци, односно истата замислете ја како табела со редици и колони.
Па да го разгледаме примерот:

int[,] multyArray = new int[3, 3];

Со ставање на запирка во заградите “[,]” означуваме дека низата ќе ни биде мултидимензионална, а потоа после new во заградите левата бројка ни го означува бројот на редици, а десната колони, или во нашиот случај [3,3], три редици и три колони, и за најлесно да запамтите која вредност е редици а која колона, левата бројка е редици, и редиците одат надолу, а десната бројка е колони, бидејки колоните одат на десно.

Сега со два for циклуси да ја извртиме целата низа, во првиот for вртиме од нула до должината на првата димензија од нашата низа, односно ги вртиме сите редици. Со вториот for ги вртиме колоните, од нула до должината на втората димензија од нашата низа, и така со два for циклуси ќе ја извртиме целата наша низа и ќе доделиме вредност на секој елемент.

for (int i = 0; i < multyArray.GetLength(0); i++)
{
for (int j = 0; j < multyArray.GetLength(1); j++)
{
multyArray[i, j] = (i * 10) + j;
}
}

Потоа два идентични for циклуси како претходните, ја извртуваме повторно целата низа, и ги печатиме вредностите.

for (int i = 0; i < multyArray.GetLength(0); i++)
{
for (int j = 0; j < multyArray.GetLength(1); j++)
{
Console.Write(multyArray[i, j] + " ");
}
Console.WriteLine();
}

Излезот од козолата од претходниот пример:

0 1 2
10 11 12
20 21 22

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии