Направи си своја мобилна апликација со македонската платформа Mobidonia

Mobidonia е македонски стартап на Даниел Димов која овозможува едноставно креирање на мобилни апликации за iPhone, iPad или Android уред. На сервисот работи три години и тоа потополно сам. Идејата зад апликацијата доаѓа од секојдневните практични предизвици со работа на апликации.

„Јас најпрво бев Android програмер. Работев како фриленсер и речиси сите клиенти посакуваа да им изработам и iOS апликација паралелно со онаа за Android. Решение видов токму во Titanium околината којашто генерира Native Android и iOS апликација преку JavaScript код. Лесен е за користење и ги задоволуваше моите и потребите на моите клиенти“, вели Даниел. „Забележав дека речиси сите апликации имаа заеднички побарување. Па затоа си направив готови компоненти коишто ги користев во аппликациите кои тоа го побаруваа. Ова ми го скрати времето на изработка на мобилните апликацци. Па оттука се роди идеата, овие мои компоненти да ги однесам на дуго ниво.

Mobidonia e облак платформа која овозможува брзо и едноставно креирање на апликации или како што велат на сајтот „креирајте ја вашата апликација за помалку од еден ден“. Покрај купови модули кои им се достапни на корисниците во креирањето на апликациите (во моментов над 25), пример: календар, продавница, стриминг, но и куп други. Mobidonia доаѓа и со туторијали на својот сајт кој ќе им помогнат на корисниците да креираат сопствена апликација, а има и 15 минутен видео туториал кој овозможува набрзина да се запознаете, со процесот на креирање на апликација.

За креирање на апликации со Mobidonia не е потребно корисниците да знаат да програмираат, туку можат да си одберат од најразличните дизајни, шеми, но и содржини во апликацијата. Самата околина на која работи апликацијата е „cross-platform“, односно достапна на повеќе разни уреди, а наскоро се очекува Appcelerator Titanium да го објави нивиот долгоочекувам Hyperloop систем чијашто главна карактеристика е тоа дека ќе има подржка и за Windows Phone, објаснува Даниел.

„На почетокот предизвикот беше голем и понекогаш се плашев дека нема да можам да го направам бидејќи на него работев сам. Денес пред Mobidonia стојат уште многу предизвици. Главен предизвик е времето коешто секојдневно донесува нови прoмени. Речиси на секои шест месеци има нов оперативен систем, потребите на корисниците и клиентите се менуваат и Mobidonia треба да ги следи овие текови“.

Апликациите креирани со Mobidonia доаѓаат со алатки за анализа која овозможува креаторот да се запознае подобро со интересот на своите корисници. Креирањето на апликации е бесплатно, но при нивното издавање на App Store или Google Play корисникот мора да се претплати на премиум пакетот на Mobidonia. Апликацијата доби награда за најдобар бизнис план во 2013 година од Министерството за економија. Компанијата успеа да најде партнер во САД, поточно „од Лас Вегас чија главна цел му е да го прочуе овој систем во САД и Мексико. Во Европа најголем интерест за системот има во Холандија, Германија и Италија“, вели Даниел. На 21 и 22 април Mobidonia ќе биде гостин на Webit.bg каде ќе се претстават пред поширока публика.

2 коментари на “Направи си своја мобилна апликација со македонската платформа Mobidonia

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии