Направи си свој фонт за Illustrator и Photoshop со Fontself

Fontself е проект на Франц Хофман кој ќе овозможи создавање на фонтови кои можат да се користат во Photoshop, Adobe Illustrator, но и на iPad или iPhone. Благодарение на над 600 поддржувачи кои донираа над 31.000 долари на Kickstarter, проектот сега е реалност.

e50608d1406c9ab416c7ea2d77121edb_original

Станува збор за екстензија за двата најверојатно најпопуларни софтвери за обработка Photoshop и Adobe Illustrator, која овозможува рачно цртање на фонтовите, скенирање и преземање во апликациите. Она што најверојатно е разочарување за корисниците е непостоењето на екстензија за отворените едитори како GIMP или Inkscape Illustrator. Екстензијата овозможува создавање на обоени фонтови, па дури и на сопствени емотикони кои ќе се појавуваат кога корисникот ќе ги внесе симболите, односно зборовите кои ги активираат.

Употребата на екстензијата е едноставна, корисникот ќе може да ги внесе скенираните слики, да ги вчита и веднаш да ги користи во софтверот. За жал, поддршката доаѓа единствено за Creative Cloud и Creative Suite 6, а постарите верзии се изoставени. Со оглед на тоа дека цената на екстензијата е 24 евра се чини дека корисниците би морале да добијат барем поголем избор за користење на софтверот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии