„Направи си сам“ гејминг конзола и видео игри со DIY Gamer Kit

DIY Gamer Kit e рачна конзола од Technology Will Save Us, која како што кажува и самото име – Do It Yourself – треба самите да ја составите. Покрај забавата која ќе ја добиете од составувањето на конзолата, дополнително може да се забавувате креирајќи сопствени видео игри. Склопувањето на конзолата не е лесна работа, составена е од 40 делови, а голем дел од нив треба да бидат залемени. Дисплејот е составен од 8х8 LED матрица, а има и четири копчиња и мал звучник кое може да репродуцира едноставни звуци. Конзолата доаѓа со две игри Breakout и Snake, но со Arduino може да се програмираат нови игри.

„Се надеваме дека ова ќе ве охрабри вас и многу други луѓе да прават и да креираат со технологија.“, велат од компанијата.

[youtube]CBm7LYoYx7c[/youtube]

[youtube]BgBFNmVMjQ4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии