Направи сам домашен асистент, Amazon ги објави плановите за Alexa

Дејан Соколоски

во Софтвер

Amazon ги објави плановите за Alexa, па сега секој ентузијаст ќе може сам да си направи верзија на популарните Echo уреди.

Она што можеби е најважно е дека за ова нема потреба да знаете да кодирате. Сепак не треба да се очекуваат чуда. Она што ќе биде возможно е корисниците да си креираат сопствени персонализирани гласовни апликации.

Начинот на кој се креираат апликациите и не е премногу сложен. Коирсиницте одат и одбираат „шаблон“ тема која ќе ја користат. Понатаму креирањето е едноставно, корисникот одбира звуци кои веќе се користат и ги менува. Штом се пополнат звуците, треба да им дадете име, и готови сте, вели TechCrunch.

Можностите кој ги нудат темплејтите се флексибилни, па без сомневање секој ќе пронајде барем нешто што може да прилагоди.

Откако ќе го креирате софтверот, потоа единствено ви е потребен Amazon Echo или било кој уред на кој може да ја стартувате Alexa.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии