Направете виртуелна прошетка низ HAWK суперкомпјутерот на AMD

Доколку сте заинтересирани за HAWK суперкомпјутерот на AMD, кој е еден од најбрзите од својот вид на светот, од пред некој ден, AMD ви нуди виртуелна прошетка низ истиот. HAWK важи за најбрзиот ваков систем во Европа, и се наоѓа во Германија, како дел од High Performance Computing Center, кој пак е дел од University of Stuttgart (HLRS).

Максималната моќ на овој суперкомпјутер е 26 петафлопи, а истата се постигнува со 720,896 јадра и 1,44 петабајти системска меморија. Покрај ова, системот има проток од 200 Gbits/s, и околу 20 километри кабли кои го поврзуваат.

Чисто за споредба, еден човек би требало да прави по една калкулација во секунда, во текот на 31,688,765 години, за да го постигне истото што може да го направи компјутерски систем од 1 петафлоп во една секунда.

Суперкомпјутерот е базиран на AMD Epyc Rome 7742 процесори, и користи Mellanox InfiniBand HDR200 поврзување. Вкупниот простор на располагање е 25 петабајти. Истиот беше пуштен во употреба во февруари, и е 3.5 пати помоќен од Hazel Hen системот кој го заменува.

“HAWK ни дава можност полесно да ја разбереме нашата околина, и поефикасно да ги користиме овие нови технологии. Сакаме да му пружиме прилика на секој граѓанин да е дел од овие промени, а со HAWK, можеме да ја дигитализираме иднината на издржлив начин” вели Michael Resch, кој е директор на HLRS.

HAWK суперкомпјутерот им нуди можност на научници и инженери да прават истражувања кои неретко бараат комбинација од вештачка интелигенција, симулации и big data анализи, нешто што би одело многу потешко и побавно доколку не им е ставена на располагање оваа моќ. Покрај ова, максимални 10 проценти од моќта ќе биде ставена на располагање за приватни индустрии во Германија.

Доколку сето ова ве заинтересира, виртуелната прошетка може да ја направите преку следниов линк. Истата потсеќа на улична прошетка преку Google Maps, што значи дека релативно лесно ќе се снајдете со истата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии