Направете видео-колаж од своите фотографии со Facebook Slideshow

Нова функционалност на најголемата социјална мрежа, Facebook Slideshow ќе им овозможи на корисниците да креираат видео-колаж од своите фотографии. Сѐ што е потребно за креирање на видео-колаж е да имате најмалку пет фотографии во период од 24 часа. Апликацијата ги презема овие фотографии директно од телефонот, што значи дека не мора претходно да ги прикачите на Facebook. По ова Facebook автоматски го создава видеото, а корисникот може да одбере помеѓу неколку шаблони и различна музика.

Слични функционалности Facebook веќе нудеше со „year in  review“ и „friends day“ видеата, иако таму имаше и илустрации од статуси и постови на социјалната мрежа. Веќе вообичаено функционалноста најпрво пристига за iOS верзијата на Facebook апликацијата, но најверојатно ако се покаже како успешна, функционалноста ќе наскоро ќе пристигне и на останатите платформи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии