Направете три добри работи на ден со Three Good Things

Мирот е во секојдневно правење добри дела. Или, во станување свесни и правилно регистрирање кога на вас ќе ви се случи нешто убаво. Ова се само дел од размислувањата со кои ќе се сретнете доколку решите да бидете водени со апликацијата Three Good Things.

Едноставна и скромна, апликацијата Three Good Things ви дозволува да забележувате кои три добри работи ви се случиле или сте направиле на секојдневно ниво, како би можеле да добиете позитивен поглед на животот.

Работата со апликацијата се заснова на основното верување дека ако запишете три добри работи кои ви се случуваат, вашата среќа и позитивно размислување е на повисоко ниво. Гледајте на Three Good Things како на еден вид дневник за среќа, кој ви дозволува низ кратки сесии да се присетите на денот и да се фокусирате на убавите моменти од него.

Како апликација за iOS направите, Three Good Things ви дозволува и да го следите вашиот напредок низ деновите, да го зголемувате нивото, да истакнувате одредени добри работи, а и да ги споделувате на социјалните мрежи, како Facebook and Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии