Направете си стрип од било кое видео со Storyboard

Image courtesy of Google / Google Play

Storyboard е Android апликација која овозможува брзо креирање на стрипови од видео содржина.

Апликацијата е едноставна, а корисниците лесно може да си направат сопствени стрипови. Креираните слики наликуваат на слики обработени со филтер во некој софтвер за обработка на слики.

Креирањето на слики е едноставно, но процесот не е супер брз. Брзината на процесот зависи од брзината на уредот, па подобрите телефони побрзо ќе креираат стрип. Креирањето е со едно притискање на копче, а апликацијата креира куп различни стрипови. Најголем дел од нив се различни, иако изгледа дека се групирани по стилови.

Image courtesy of Storyboard

Видеата може да бидат и супер куси, и 3-4 секунди се сосем доволни. Креирањето на стрип на телефон од средна класа трае околу 20 до 30 секунди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии