Направете мала слика да биде голема со AI Image Enlarger

Кога се работи за испраќање големи слики, често се случува да мораме да ги намалиме затоа што одредени сервиси не дозволуваат испраќање премногу големи слики. Процедурата за таквото нешто е крајно едноставна и се состои од неколку кликови низ каков било програм за уредување фотографии. Но, што доколку сакаме мала слика да направиме да биде голема. Во тој случај, предизвикот знае да биде значително поголем, затоа што малата слика лесно ќе стане голема, но ќе биде исклучително матна и нејасна.

AI Image Enlarger е алатка која користи вештачка интелигенција за да ги зголеми малите фотографии и да ги направи да бидат значително поостри и повидливи. Едноставно повлечете и пуштете ја фотографијата во соодветниот прозорец, изберете стил и резолуција и кликнете на Submit. Точно така, копчето Submit кажува дека фотографијата мора да биде поставена на серверот на тимот кој стои зад AI Image Enlarger, така да, погрижете се да бидете во ред со овој факт пред да пробате да зголемувате некоја фотографија.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии