Направете бекап на вашите податоци со EaseUS ToDo Backup Free

Нема никакво сомневање во вредноста на вашите лични дигитални добра и иако многу решенија прават одлична работа за автоматизирано зачувување податоци на облак, нема ништо лошо од создавање дополнителни бекапи, чисто за секој случај.

Самиот Windows има алатка токму за таквите потреби, но на располагање имате значително подобри алатки кои не само што се бесплатни туку и ви даваат поголема контрола при бекапот на драгоцените фајлови. Една таква алатка е и  EaseUS ToDo Backup Free, особено последната, единаесетта верзија.

EaseUS ToDo Backup Free ви дозволува да направите бекап на вашите хард дискови, партиции, оперативни системи, или пак индивидуални фајлови. Во случај да сакате да мигрирате податоци на поголем драјв или пак SSD, можете и да клонирате дискови, односно партиции на вашиот систем. Во зависност од вашите потреби, бесплатната алатка врши целосни или делумни бекапи. Со опцијата Incremental се врши бекап само на оние фајлови кои се имаат променети од последниот бекап. Со Differential се таргетираат само оние кои се промениле од последниот целосен бекап.

EaseUS ToDo Backup Free се испорачува и со корисни алатки за создавање rescue диск, проверка на слики, бришење податоци, или вршење mount/ unmount на претходно креирани слики.

Она што најмногу нѝ се допаѓа во последната, единаесетта верзија, е новиот, редизајниран интерфејс кој нуди побрзи бекап операции преку мрежа. Покрај ова, тимот зад алатката се има погрижено да исправат бројни багови кои се провлекуваа со претходните верзии, а и имаат имплементирано интересни трикови за подобра оптимизација.

Платежната верзија бара 30 долари за доживотно користење, но таквото нешто го препорачуваме само доколку сакате да имате бекап за сите ваши активности преку Outlook или опцијата да го префрлите вашиот систем на друго PC. Во цената спаѓа и можноста да исфрлите одредени фајлови од бекап. При инсталирање на бесплатната верзија, внимавајте што кликате затоа што инсталациониот пакет не сака ништо повеќе од да ви наметне непотребни апликации.

1 коментар на “Направете бекап на вашите податоци со EaseUS ToDo Backup Free

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии