Со Naples AMD ќе и конкурура и на доминацијата на Intel кај серверите

Naples е првиот процесор за сервери од AMD базиран на Zen-архитектура. Intel e доминантен на пазарот на процесори за сервери, но AMD ги обвини за недостаток на иновација и инкрементални надградби.

Новиот процесор доаѓа со 32 јадра, 8 мемориски канали и 128-канален Infinity Fabric.  Процесорот зафаќа два сокети, multi-threading од  64 threads, може да поддржи до 2TB RAM и 128 PCIe 3.0. Компанијата ветува дека нивниот систем е креиран за иднината – „роден во облакот“. AMD Naples го споредува со Xeon E5-2699A v4. Процесорот на Intel доаѓа со 22 јадра и 44-threads, 4 мемориски канали и 1.5 TB RAM.

Infinity Fabric е супер-брза интерконекција помеѓу процесорите во двата сокети, а AMD ја користи во сите Zen процесори, објаснува Anand Tech.

Споредбата и процесорите на Naples и Intel E5 процесорите е во корист на процесорот на AMD. Во тестот, Naples лимитиран на 44 јадра ја заврши тест задачата за 18 секунди, наспроти Xeon која ја заврши за 35 секунди. Со потполно отклучени процесор 64 јадра Naples го заврши тестот  за 14 секунди.

Процесорот ќе излезе во второто тримесечие на 2017 година, а засега недостасуваат податоци за цената, но и за работната фреквенција. Повеќе податоци за серијата, цените и фреквенцијата најверојатно ќе има наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии