Напаѓачите на Париз користеле незаштитени SMS пораки за комуникација

И покрај сомнежите дека терористите користат софистицирани алатки за анонимна комуникација, постои можност дека напаѓачите на Париз се договарале преку SMS пораки. Како можен доказ за ова е посочен телефонот кој најверојатно го користеле терористите. Телефонот е пронајден во корпа за отпадоци во близина на концертната сала Bataclan во која беа убиени 89 луѓе, од вкупно 130-те што загинаа во нападите од 14-ти ноември.

On est parti on commence, на француски „Излеговме, почнуваме“ е порака на телефонот, на кој е пронајдена и детална мапа на концертната сала. Освен ова пронајдени се и податоци кои ја започнаа истрагата и локацијата на една од куќите која ја користеле напаѓачите, вели Le Monde. Локацијата на куќата е пронајдена благодарение на гео-локациските податоци, а експертите успеале да го лоцираат објектот рекреирајќи ја патеката на движење. Телефонот најверојатно му припаѓал на Исмаел Омар Мосефаи или Сами Амимур кои ја нападнаа концертната сала. За жал идентитетот на лицето на кој му ја испратиле пораката пред почеток на нападот е непознато, иако е можно тоа да биде сега убиениот Абделахамин Абаоуд, кој е осомничен како „мозокот зад нападите“. Тој беше убиен во полициската акција во Париз, но интересно е што негов телефон со не-енкриптирани слики и видеа беше претходно пронајден во Сирија, а сликата со GoPro 3 камера исто така покажува дека тој не бил премногу загрижен за своите дигитални отпечатоци.

Abdelhamid-Abaaoud-gopro-1000x513

Intercept, медиумот стартуван од Грин Гринвалд кој ги објави доверливите документи од NSA со помош на Едвард Сноуден, пишува дека белгиските власти уште пред 10 месеци, во јануари имале полициска акција од која дознале за можен терористички напад. И тогаш е спомнато дека терористите не користат алатки за енкрипција на комуникацијата. Во истата акција е откриена голема група на терористи на Исламската држава (ИД) која планирала слични напади како и во Париз, но благодарение на следење на тројца осомничени, нападот беше навремено спречен.

4 коментари на “Напаѓачите на Париз користеле незаштитени SMS пораки за комуникација

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии