Наместо за дружба, #myNYPD кампањата на Њујоршката полиција се претвори во протест против полициската бруталност

Кога Њујоршката полиција побара од граѓаните да споделат фотографии на кои се сликани со полицајците користејќи го хаштагот #myNYPD, за да го подобрат имиџот на полицијата; најмалку очекуваа дека кампањата ќе се претвори во ПР кошмар за полициската бруталност. Тоа што следеше неколку часа подоцна по првата фотографија, не само што не беше очекувано, туку сигурно им покажа дека друштвените мрежи не секојпат се добро место за подигање на својот профил.

Откако полицијата во Њујорк ја започна својата кампања на Twitter, со која се надеваше дека граѓаните ќе споделат фотографии на соработка или дружење со полицијата се случи сосем спротивното. Граѓаните ги споделија своите фотографии во кои се гледа полициската бруталност или случаи кои изгледаат навистина многу лошо. Ова не е единствен пример на Twitter кампања со лоши резултати. Неодамна US Airways мораше да се извинува за твит со експлицитна содржина. И покрај контраефектот NYPD не се откажува од идејата „NYPD создава нови начни за ефикасна комуникација со заедницата Twitter е отворен форум на кој е овозможена нецензурирана размена и оцој отворен дијалог е добар за градот“, пренесува BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии