Наместо трејлер Sony сподели цел филм на YouTube

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Sony

Илјадници гледачи го изгледаа Khali the Killer на YouTube откако Sony по грешка, наместо трејлер, го „закачи“ целиот филмот.

Ова секако е една од оние смешни вести. Главно бидејќи додека сфатиле Sony што направиле и го симнале филмот, илјадници луѓе веќе го изгледале. Но, на Reddit се отвори друга дискусија. Корисниците се запрашаа дали можеби ова е маркетинг потег и Sony го искористил за да привлече поголема публика за филмот.

Филмот дури и не е нов. DVD изданието е достапно од ноември 2017, но сега е достапен и на стрим. Ако судиме само по оцените на IMDB филмот баш и не е нешто што мора да изгледате.

Ова не е прв пат Sony да направи ваква грешка, претходно, во 2014 година, на South Korea YouTube профилот компанијата го објави Amazing Spider-Man 2, потсетува BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии