Наместо пребарување на симптоми, Google ќе ги поврзе пациентите со докторите

Google работи на сервис кој ќе им овозможи на корисниците наместо да пребаруваат по интернет, за своите медицински симптоми да разговараат со лекар. Услугата ќе им овозможи на корисниците видео разговор со лекар, која ќе биде поннудена секој пат кога ќе пребарувате симптоми, потврдиjа од Google за Engadget. Услугата нема да биде бесплатна, и корисниците ќе треба да платат за виртуелното закажување на преглед. Иако услугата нема да биде идеална секако ќе им заштеди време на корисниците, а и ќе помогне да се намали погрешното само дијагностицирање.

„Кога пребарувате основни здравствени информации – како несоница или труење од храна – наша цел е да ви ја овозможиме најдобрата можна информација. Ја тестираме оваа финкција и ќе видеиме дали и колку им е корисна на луѓето“, вели Google за Gizmodo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии