Наместете аларм кој зборува со Talking Alarm Clock

Мартин Јованчевски

во Вести

Talking Alarm Clock e корисна и уникатна екстензија која ќе ви помогне за ефикасно потсетување кога телефонот не ви е при рака, а работите директно од прелистувач.

Talking Alarm Clock се одликува со симпатична маскота која го прикажува моментното време во дигитална и аналогна форма. Под маскотата и преку паѓачки мениа и лизгачи можете да поставите аларми за различни времиња.

Сигнализација на алармот може да биде како одредена мелодија, пријатни звуци соодветни за ситуацијата или пак во форма на глас или известување. Интересно е тоа што можете да кажете и некоја ваша сопствена фраза за да истата биде репродуцирана во дадено време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии