Намален „reach“ на Facebook, причина за паника или не?

Неодамна Facebook најави дека повторно ќе има промени во начинот на кој ги прикажува содржините. Како последица на ова, дел од корисниците веќе забележуваат пониски бројки под постовите на своите Facebook-страници.

Сепак, според објаснувањата од најголемата друштвена мрежа, бројките по кои жалиме, не сме ги имале никогаш. Друштвената мрежа објасни дека единствената промена е направена во она што се брои. Поточно, досега во органскиот дофат (reach) се броеа постовите на News Feed, без разлика дали тие влегле и не влегле на екранот на корисникот. Имено, друштвената мрежа ги броеше сите споделени постови во фидот, без разлика дали воопшто постоела можност корисникот да ги види. Со новите промени, ќе се брои само доколку постот му влезе во видно поле на корисникот.

Со оваа промена направено е изедначување на начинот на кој се брои платениот и органскиот дофат. Поради ова изгледа дека дофатот е помал, но всушност поголемите бројки најверојатно реално никогаш не сме ги ни имале.

„Апдејтот не менува како вашите постови се испорачуваат или кој ги гледа и се ангажира околу постот (преку  коментар, допаѓаање или споделување). И, иако овој апдејт може да резултира со намален органски дофат на страницата, ќе можете поточно да ги споредите платениот и органскиот дофат“, објасни Facebook.

Како да го видите органскиот дофат по претходните мерења?

Доколку сакате да споредите како изгледаат претходните бројки со сегашните тоа може да го напрвите релативно едноставно и во само неколку чекори.

  • Отворете „Insights“
  • Export Data
  • Data Type >Page data > Layout, па одберете Edit All Page Data.
  • во пребарувањето внесете „served“, па одберете период
  • На крај на десната колона пронајдете го Served Organic Reach of Page Posts и одвлечете го на почетокот на колоната, веднаш под Key Metrics. Ова треба да го направите за сите типови на Served Organic Reach of Page Posts.
  • Apply > Export Data
  • Во документот пронајдете Served Organic Reach of Page Posts.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии