Alibaba Group и Tencent Holdings се приклучуваат на листата на највредни компании

Дејан Соколоски

во Свет

Највредните компании во светот повеќе не доаѓаат исклучиво од САД. На Apple, Google, Facebook, Amazon и Microsoft им се приклучија две кинески компании. Alibaba Group и Tencent Holdings се новите компании на листата највредни, јави New York Times.

Кинеските компании го пополнуваат празниот простор на домашниот пазар. Со оглед на големината на пазарот можеби и не е изненадување што компаниите ги надминаа очекувањата на експертите. И Alibaba Group и Tencent Holdings сега вредат над 400 милијарди долари. Приходите на двете компании во последната година се зголемија за 50%.

Tencent Holdings е единствената компанија покрај Facebook која поседува друштвена мрежа со над 1 милијарда корисници. Апликацијaта WeChat која е во сопственост на Tencent има над 960 милиони активни корисници месечно. Компанијата во еден период беше и највредна компанија во Азија, пред да го изгуби приматот од Alibaba. Tencent е инвестициски гигант. Компанијата има акции во: Riot Games, развивач на League of Legends; Epic Games, развивач на Unreal; 5% акции во Activision Blizzard; кинескиор гигант за е-трговија JD.com; и продукциска куќа за снимање филмови, Tancent Pictures.

Alibaba е основана од Џек Ма и е кинеска верзија на Amazon. Alibaba e една од најбрзо растечките компании, па наскоро би можеле да го надминат и Facebook. Компанијата има над 500 милиони активни корисници, дел од Кина, дел надвор од Кина.

Заедничко за двете компании е што иако дел од корисниците се од целиот свет, најголем дел од приходите доаѓаат од Кина. Ова дури повеќе важи за Tencent, игрите како League of Legends се планетарен хит, но сепак приходите на компанијата доаѓаат од реклами во Кина.