Најверојатно прв македонски HTML5 сајт?

HTML5 e најновата верзија на HTML, програмскиот јазик си кој се означуваат елементите на една веб страна, и е понова верзија од HTML кој е објавен од пред скоро десет години.

„Последната верзија содржи нови функции кои дизајнерите и програмерите со години бараа алтернатива за нив, а се неопходни за функционалноста и дизајнот на секоја модерна веб страна.“ вели тој.“ вели Даниел.

HTML5 стандардите станаа жешка тема откако директорот на Apple, Стив Џобс напиша писмо објаснувајќи зошто ги преферира овие веб стандарди кои според него се иднината, и зошто го избегнува Adobe Flash на своите уреди. Неговото писмо беше оптимистички прифатено од другите големи копании, а веб прелистувачите започнаа да ги воведуваат стандардите во новите верзии.

„Најновата верзија исто како и некои од претходните верзии е направена да работи на било каква платформа, без разлика дали се работи за PC, Mac, мобилен телефон и сл. Единствено нешто што е потребно е да користиме модерен веб прелистувач како што се последните верзии на Firefox, Chrome, Safari и Opera.“

Што се однесува до неговиот сајт, кој најверојатно е прв HTML5 .мк сајт (можеби и не е единствен или прв, пишете ни во коментарите подолу би било супер да дознаеме), Даниел вели избегнал некои елементи поради немање подршка од некои прелистувачи.

„Мојот сајт користи HTML5 за структурата на сајтот притоа се избегнати некои елементи кои не се потполно поддржани од некои прелистувачи. Се одлучив за последната верзија на HTML за да бидам сигурен дека страната ќе биде функционална не само сега туку и во наредните години.“ вели Даниел.

5 коментари на “Најверојатно прв македонски HTML5 сајт?

  1. Честитки за Даниел Брзанов.
    Експериментирањето и работењето на самиот раб на најновите технологии секогаш се исплаќа. Има и недостатоци, се разбира, во поглед на компатибилноста со сите прелистувачи.
    Ако се чека што ќе излезе за две години, како што наведоа некои претходни експерти во пљук на далечина, никогаш ништо нема да се изработи.

    Инаку, убаво дизајниран сајт.

  2. „„„HTML5 стандардите станаа жешка тема откако директорот на Apple, Стив Џобс напиша писмо“““

    WTF ?!? you must be joking?

  3. Мала исправка , HTML e mark-up/описен јазик но не и програмски јазик.

    Што се однесува до HTML5 сајтовите,сигурно е прв. HTML5 мислам дека е сеуште рано за користење,па затоа не би ни сакал да биде некој сајт прв во тоа.

    Сепак ова е crossbrowser оти само структурата е таква.

  4. Nitu e prv, nitu e nesto znacajno vo HTML 5 dodadeno , nitu moze da bide siguren deka ke bide funkcionalna so toj kod.

    Sto se odnesuva do strukturata, custom tag , taa opcija e mozna uste pred izleguvanjeto na HTML 5 i negovite opcii.

    A od kade e siguren deka za 2 godini nema da izleze nesto novo sosem poinakvo koe nema da bide HTML5?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии