SoundCloud стартува свој претплатнички сервис за музика

Најверојатно најпопуларниот сервис за споделување на инди-музика, SoundCloud, започнува со нова услуга – аудио-стриминг. Бројот на корисници кои ја споделуваат сопствената музика на сервисот е огромен, па платформата е во добра положба да им стане конкурент на Spotify, Pandora, Tidal и сличните сервиси. Претплатата ќе чини 10 долари, но за жал вообичаено Македонија не е еден од пазарите каде овие сервиси се достапни. Стримот започнува во САД, а наскоро би можел да биде достапен и на пазарот во Западна Европа.

„Го одбравме подолгиот пат за да се усогласиме со музичката индустрија. Во иднина ќе презентираме повеќе новитети. Сметаме дека ова ќе води до сосем нов начин на заработка од музичките стримови“, вели ко-основачот на Soundcloud Александер Лјунг за TechCrunch.

Soundcloud има 12 милиони креатори на музика и 175 милиони корисници, а сервисот сега има 125 милиони песни. Дел од песните ќе бидат премиум содржина која ќе им биде достапна единствено на претплатниците. За 10 долари сите корисници на сервисот ќе можат да ги слушаат сите песни без реклами, за останатите Soundcloud останува како и досега, одлично место за откривање на нова кул музика, иако според Engaged за почеток нивниот сервис е хаос.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии