Најупотребувани и најбезбедни апликации за текст пораки

Дејан Соколоски

во Вести

Без сомневање сите користиме текст пораки и сите некогаш сме се заборавиле и сме куцнале нешто што не е за јавност. Ова секако не е единствената причина поради која треба да ја заштитиме приватноста, но е сценарио кое никој не го посакува.

Популарната платформа NordVPN неодамна објави листа на најчесто користени и најбезбедни апликации за текст разговори.  Најголемо изненадување е што најбезбедните апликации не се појавуваат на врвот по бројoт на корисници во ниту една држава. Речиси никакво изненадување не е дека целосна доминација на пазарот има Facebook. WhatsApp има доминација на сите пазари со исклучок на Шведска, Данска и САД каде омилена апликација за пораки е Facebook Messenger.  Кина е единствен поголем пазар во која некоја од овие апликации не е на врвот; тука омилена апликација за текст разговор е WeChat.

Од 195 држави во кои е направена анализата на пазарот WhatsApp не е на првото место само во 25. Само во 10 држави најпопуларната апликација за текст пораки не во сопственост на Facebook.

WhatsApp и Facebook Messenger

Иако WhatsApp и Facebook Messenger не се најбезбедни апликации, имаат една голема предност, сите ги користат. На пример Whatsapp има над 2,3 милијарди корисници, а Facebook Messenger над 1,3 милијарди. Лоша вест е дека WhatsApp собира повеќе податоци од Signal и Telegram, две бесплатни апликации кои се достапни за корисниците на iOS, Android, Windows, macOS… Секако проблем е што апликацијата ги споделува податоците кои ги собира со Facebook за друштвената мрежа да ни прикаже порелевантни реклами.

Facebook Messenger според последните податоци е втора омилена апликација за текст разговор со над 1,3 милијарди активни корисници месечно. Од пред неколку години за користењето на апликацијата не е потребен facebook-профил, што секако е добредојдено. Главна причина за користење е што сите се на „Facebook Messenger“, а ова е омилената апликација и за најголем дел од граѓаните во Македонија (Messenger People 2020). Лоша вест е дека Facebook собира податоци за тоа со кој комуницирате или колку често  ја користите апликацијата. Messenger сè уште нема end-to-end криптирање како основно нагодување, а неодамна безбедносниот експерт Зек Дофман на Forbes сподели листа на податоци кои ги собираат Messenger и WhatsApp и веројатно добра идеја е да ја избегнувате првата апликација.

За разлика од WhatsApp, Facebook има пристап и до пораките и до фајловите кои се споделуваат на Messenger. Пречка за криптирањето е што ако ја направи целата комуникација криптирана, нема да има пристап до оваа содржина, па нема да може да ги отстранува малициозните пораки и линкови кои се праќаат.

Facebook Messenger всушност има можност за end-to-end криптирање, но не е активирана автоматски. За активирање е потребно корисникот да одбере „Secret“ што не е баш едноставно да се пронајде. Во моментов може да се активира во горниот десен агол при креирање на нова порака. Ова не е овозможено за групни разговори. Криптираните разговори се достапни исклучиво за основната верзија на апликацијата. За Messenger Lite во моментов нема ваква можност.

WeChat

WeChat е апликација од Tencent која доминира со кинескиот пазар. Апликацијата не нуди end-to-end криптирање и овозможува на трети страни пристап до текст пораките на корисниците. Советот за безбедно користење на WeChat од NordVPN е воопшто да не ја инсталирате апликацијата, или за тие што мора да ја користат:

  • Никогаш не споделувајте чувствителни податоци преку апликацијата
  • Внимавајте на пермисиите и не активирајте ништо што не мора да користите
  • Не користете иста лозинка на WeChat со било што друго
  • Ако можете користете WeChat на уред кој не го користите за ништо друго
  • Правете чести надградби

Под притисок на кинеските власти оваа недела апликацијата затвори додавање на нови корисници се додека не се исполнат условите за прибирање на податоци за корисниците и зачувување на овие податоци.

Signal и Telegram

Signal и Telegram се двете најдобри и најбезбедни апликации на листата. Секако и овие апликации имаат свои слабости. За разлика од останатите, или се побезбедни, или веќе имаат доволно корисници за да бидат релевантни.

Во февруари оваа година Telegram објави дека ја надминаа бројката од 500 милиони активни корисници. Telegram e фокусиран на приватност, апликацијата не собира податоци за корисниците, нема реклами и е достапна на десктоп, Android и iOS.

Што се однесува на заработката компанијата најави промени во апликацијата, но нема да се однесуваат на постоечките функционалности кои остануваат достапни бесплатно. Ќе бидат додадени нови функционалности со кои ќе се креира премиум верзија на апликацијата.

Дополнително Telegram се проширува и креира групи во кои може да се вклучат и 200 000 членови, со што станува своевидна друштвена мрежа.

Во моментов Telegram има end-to-end криптирање на сите разговори помеѓу двајца корисници, групните разговори не се вклучени во ова. Наместо ова, групните разговор имаат стандардно криптирање во облакот. Telegram собира контакт информации, контакти и кориснички ID од корисниците.

Signal е најбезбедна бесплатна апликација за текст пораки која им е достапна на сите корисници.   

Апликацијата нуди можност за споделување на текст пораки, аудио пораки, фајлови, локација. Сите пораки се end-to-end криптирани и може да ги прочитаат единствено учесниците во комуникацијата. Дополнително може да се користи за SSM/MMS пораки и со тоа корисникот ќе добие криптирани SMS пораки. Корисниците мора да се најават со телефон или имејл адреса што е единствен податок кој Signal го собира од корисниците.

Групните пораки се со максимално 1000 учесници.

Во моментов поради криптирањето на пораки и целосната отвореност на кодот Signal важи за најбезбедна апликација за текст комуникација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии