Најстариот филм сега е онлајн

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}The Edison Kinetoscopic Record of a Sneeze, снимкa од човек кој кивнува, е една од најстарите снимки во светот, стара преку 100 години, направена во 1883 во студиото на Томас Едисон, првото филмско студио, и е првиот филм кој е заштитен со авторско право. Сега тој филм се најде на YouTube како и многу други стари, прастари филмови кои се чуваа и фаќаа прашина во Конгресната библиотека на САД.

„Кога ја чувате најголемата колекција на аудио-визиуелни материјали (околу 6 милиони филмови, преноси и звучни снимки), ништо друго не се очекува од вас. Но ова е само почетокот“ напиша Мет Рејмонд, директорот за комуникации на Конгресната библиотека на официјалнот блог кој спомнува дека на каналот моментално има 70 историски филмови.

Пред да го објави каналот на YouTube, Конгресната библиотека отвори соработка и со Flickr, друштвениот сервис за фотографии каде го објави „Commons“ каде објавија илјадници фотографии кои не се заштитени со авторски права.

{mosimage}

„Диносаурсите“ се разбудија и најверојатно ќе гледаме почесто вакви потези на музеи, галерии, библиотеки да ја постават содржината онлајн и да биде пристапна за секој, а не да фаќа прашина. Пример за тоа е развојот на „Светската Дигитална Библиотека“ која ќе има поддршка на 7 јазици и ќе биде бесплатна. Повеќе информации за светската библиотека на 21 Април кога ќе биде официјално објавена.

Во меѓувреме погледнете го првото филмско ремек дело.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии