Најреволуционерната гласина за Xbox Series X е дека ќе подржува Steam и EGS

За најновата конзола на Microsoft, Xbox Series X, се знаат еден куп работи, но доколку една гласина произлезе дека е точна, тогаш конзолата на Sony би можела да ја изгуби претстојната војна.

Имено, веќе неколку денови циркулира гласината дека Xbox Series X би можела да нуди целосна поддршка за Steam и Epic Games Store. Според гласините, конзолата на Microsoft ќе се одликува со Windows режим на работа. Преку овој режим, играчите ќе можат лесно да се префрлат од оперативниот систем на конзолата, директно на Windows 10. Од тука, можат да добијат пристап до платформите на Steam, Epic Games Store и, претпостауваме GOG и ред други клиенти, доколку не се работи за затворен систем.

Доколку ова навистина се случи, многу PC гејмери ќе гледаат на Xbox Series X како исклучително квалитетна инвестиција затоа што сите игри кои со години ги купувале на PC сега ќе бидат достапни од комфорот на нивниот кауч. Да, Steam ви дозволува можности за поврзување на вашиот телевизор со компјутер, но таквиот однос зависи од стабилноста и јачината на вашата интернет врска. Xbox Series X се чини како идеалното решение за поврзување на двата света, а новиот изглед на конзолата, кој потсетува на компјутерско куќиште, добива многу поголема смисла.

Иако не е ништо потврдено, ваков можен потег од Microsoft се чини како повеќе од одлично оружје за борба против PlayStation 5. Во самиот старт, Xbox Series X ќе понуди на гејмерите илјадници игри за купување и играње од неколку различни фронтови. Доколку игрите се купуваат преку Steam, Microsoft не би можел да зема процент од колачот, но гејмерите сепак ја користат нивната конзола. Многумина ќе се согласат дека она што Microsoft првенствено сака е да продава конзоли. А, во моментот кога тоа ќе се случи, ексклузивите би можеле да стапат на сила. Веќе е потврдено дека Xbox Series X ќе ја подржува апсолутно секоја игра од сите претходни Xbox конзоли, а постојано се работи на максимална интеграција и обединување на конзолската платформа со таа на Windows 10.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии