Најпопуларните вести и твитерџии сега ќе бидат истакнати во пребарувањето

Twitter тестира опција со која се истакнуваат Top News и Top People на почетокот од резултатите од пребарувањето. Оваа опција сега е во тест фаза, но се прикажува на некои корисници доколку пребаруваат низ друштвената мрежа.

Тоа што е интересно е што Top News и Top People кои се појавуваат по пребарувањето немаат автор, значи не се работи за популарен твит, туку за линк до вест или линк до профил на твитерџија.

Оваа експериментална-во-моментов новина може да биде добра за медиумите кои ќе споделат популарна вест. Пример, наместо твитот со оригиналната вест која ја започнала дискусијата да се изгуби меѓу твитовите, ќе биде истакната на почеток на пребарувањето.

Но, ова може да значи дека Twitter може да си направи место за реклама, па издавачите да плаќаат за „популарна вест“ да се појави на почетокот од резултатите.

(via Mashable)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии