Најочекуваните игри за септември

Месецот септември ќе биде резервиран за квалитетни игри. Доколку имате слободно време, ова се игрите со кои дефинитивно треба да закажете состанок.

Ary and the Secret of Seasons [PC, PS4, XBO, Switch] – 1 септември

Симпатична авантура со елементи на RPG, загатки и скокање

Crusader Kings 3 [PC] – 1 септември

Запрепастувачки комплексна RPG историска симулација и стратегија

WRC 9 [PC, PS4, XBO] – 3 септември

Тркачка симулација со реалистична физика и макотрпна посвета на детали

Marvel’s Avengers [PC, PS4, XBO, Stadia] – 4 септември

Акциона авантура во трето лице која можете да ја играте сами или со пријатели

Kingdoms of Amalur: Re-Reckoning [PC, PS4, XBO] – 8 септември

Епска RPG игра на која работеа видни лица од индустријата доаѓа во целосно преработено графичко опкружување

The Outer Worlds: Peril On Gorgon DLC [PC, PS4, XBO] – 9 септември

Продолжување на приказната во одличната Fallout алтернатива

Redneck Ed: Astro Monster Show [PC] – 10 септември

Откачен боречки, дводимензионален платформер

Inertial Drift [PC, PS4, XBO, Switch] – 11 септември

Инди тркачка игра со фокус на аркадни трки против други играчи

Medieval Dynasty [PC] – 17 септември

RPG авантура во средновековно доба

Crysis Remastered [PC, PS4, XBO] – 18 септември

Римастер на една од најреволуционерните sci-fi пукачки игри во прво лице

WWE 2K Battlegrounds [PC, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 18 септември

Долгогодишниот боречки серијал навлегува во откачена димензија каде сè е можно

Serious Sam 4 [PC, Stadia] – 24 септември

Од хрватското студио Croteam нѝ доаѓа четвртата пукачка игра со сериозниот Сем

Mafia: Definitive Edition [PC, PS4, XBO, Stadia] – 25 септември

Уште еден целосен римастер, овојпат на феноменалниот GTA клон од 2002 година

Baldur’s Gate 3 [PC, Stadia] – 30 септември

Комплексна и долго-очекувана RPG игра од истото студио кое нѝ ги донесе Divinity игрите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии