Најочекуваните игри за месец април

Април е месец кој ќе проба да ги заинтригира гејмерите со неколку солидни наслови.

Na 3 април ќе добиеме можност да уживаме во долго посакуваните надградени верзии на Borderlands. The Ultra HD Texture Pack ќе биде бесплатна графичка надградба за сите три Borderlands наслови независно од тоа дали е платформата PC, PS4 Pro, или Xbox One X. Набргу потоа, Dangerous Driving носталгично ќе ве потсети на тркачките игри од деведесетите години и нерационалната потреба за екстремна потреба за брзина и деструктивност. Играта е духовен наследник на Burnout серијалот, но доколку не сте по адреналински трки, на средината на април, ќе можете да навлезете во светот на World War Z и, со уште тројца други играчи, ќе пробате да ставите крај на ордите од зомби чудовишта.

Во меѓувреме, би можеле да ја проверите најновата експанзија на Hearthstone или да дознаете до кој степен станала откачена Shovel Knight Showdown. По сè изгледа, средината на месецот е резервирана за поголемите хитови. На 16 април, заедно со World War Z, се планира и излегувањето на стратешката игра Anno 1880. Стратегијата зазема храбри чекори во дозволување да управувате со град за време на индустриската револуција и мачното справување со загадувањето. На 23 април, пак, излегува долго очекуваната боречка игра – Mortal Kombat 11. За играта се очекуваат микротрансакции, но студиото ветува дека нивната природа нема да ги разбесни фановите. А, некаде при крајот на месецот, можеме да ја дочекаме Final Fantasy 12 The Zodiac Age, како и конечното излегување на Monster Hunter клонот – Dauntless.

Листа од најочекуваните игри за месец април:

Dance of Death: Du Lac & Fey [PC] – 5 април
Super Dragon Ball Heroes World Mission [PC, Switch] – 5 април
Dangerous Driving [PC, PS4, XBO] – 9 април

Hearthstone: Rise of Shadows [PC] – 9 април
Shovel Knight Showdown [PC, PS4, XBO, Switch] – 9 април
Weedcraft Inc [PC] – 11 април
Final Fantasy X / X-2 HD Remaster [XBO, Switch] – 16 април
My Time At Portia [PS4, XBO, Switch] –  16 април
World War Z [PC, PS4, XBO] – 16 април

Anno 1800 [PC] – 16 април
God’s Trigger [PC, PS4, XBO] – 18 април
Katana ZERO [PC, Switch] – 18 април
Our World Is Ended [PS4, Switch] – 18 април
Mortal Kombat 11 [PC, PS4, XBO, Switch] –  23 април

Days Gone [PS4] – 26 април
Fade To Silence [PC, PS4, XBO] – 30 април
Final Fantasy 12 The Zodiac Age [XBO, Switch] – 30 април
Dauntless [PS4, XBO, Switch] – април
Super Meat Boy Forever [PC, PS4, XBO, Switch] –  април

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии