Најочекувани игри за април

Уште од првиот ден на април експлозивно се прекинува неколку месечната суша од нови и квалитетни игри! Па така, Outriders се заканува да биде следната огромна акциона авантура, со акцент на вртоглава акција и изобилство од плен. Играта, имено, е осмислена од People Can Fly и имаше исклучително успешно демо кое веќе направи илјадници гејмери тврдокорни фанови. За Xbox Pass сопствениците на конзолата на Microsoft, играта е вклучена во претплатата уште од ден еден.

Lost Words: Beyond the Page остава впечаток на симпатична, мала авантура која произлегува од креативното перо на Риана Прачет, писателката позната по интензивната работа на Mirror’s Edge игрите и краткиот серијал од стрипови. Истиот ден излегува и долго очекуваната Oddworld: Soulstorm каде пробувате да ги спасите илјадниците човечиња од сигурна пропаст. Ова ќе биде целосно бесплатна игра за ретките PS5 сопственици кои се, исто така и претплатници на PSPlus. Она што нас највеќе не радува во првата недела од месецот април е ре-издавањето на Star Wars Republic Commando за PS4 и Switch. Ова игра веќе има 16 години под појасот, но сепак предизвикува често носталгично присетување на емотивната приказна и тактичките борби. Единствено жалиме што за PC гејмерите не е планирано слична визуелна реинкарнација.

Веќе од втората недела од месецов, ќе стапи на сила еднаш одложуваниот Borderlands 3: Director’s Cut DLC. Вториот додаток од исклучително непопуларната втора сезонска пропусница, која собра исклучително многу негативни рецензии поради малиот број содржини на кои не се навикнати Borderlands фановите, ветува нов raid бос, дополнителни мисии за кампањата, како и таканаречените Vault карти. Средината на април се чини резервирана за интересни инди игри само за да бидат бомбастично засенети од долго очекувана NieR Replicant ver1.22474487139… Се работи за надградена верзија на NieR Replicant, претходно издадена само за јапонскиот пазар. Во случај да сте фан на оваа игра, ова е вашата ултимативна и задолжителна лектира, со надградена графика, подобрени механики и многу повеќе!

Крајот на месецот е резервиран за првото содржително DLC за Assassin’s Creed Valhalla. Насловен Wrath of the Druids, додатокот ќе се одликува подобрени механики и системи на напредување, како и нова приказна сместена во Ирска. Ултра бруталните, крвави пресметки ќе ве наградат со уникатни оклопи и легендарни оружја. Стратешките фанови на една од најдобрите продукти на Creative Assembly, Total War: ROME, ќе добијат надградена верзија на играта, со оптимизации за 4К графика и поддршка за UHD резолуција. Моделите се подобрени, а механиките испеглани и надополнети со модерни функции. За крај, Returnal ќе проба да им покаже на PS5 сопствениците хорор во најчиста форма и уникатни механики извлечени од тензични survival пукачки игри со roguelike елементи.

Игри кои ќе излезат во април:

  • Outriders [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 1 април
  • Resident Evil 7 [Stadia] – 1 април
  • SturmFront – The Mutant War: Übel Edition [PC, PS4, XBO, Switch] – 2 април
  • Lost Words: Beyond the Page [PC, PS4, XBO, Switch] – 6 април
  • Oddworld: Soulstorm [PC, PS5, PS4] – 6 април
  • Star Wars Republic Commando [PS4, Switch] – 6 април
  • Quinterra [PC] – 7 април
  • Rocket League Season 3 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 7 април
  • Before Your Eyes [PC] – 8 април
  • Borderlands 3: Director’s Cut DLC [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 8 април
  • Scarlet Hood and the Wicked Wood [PC] – 8 април
  • What the Dub?! [PC, PS4, XBO, Switch] – 8 април
  • Say No! More [PC, Switch] – 9 април
  • Trials of Fire [PC] – 9 април
  • Demon Skin [PC] – 13 април
  • Final Fantasy 14 open beta [PS5] – 13 април
  • Ashwalkers: A Survival Journey [PC] – 15 април
  • SaGa Frontier Remastered [PC, PS4, Switch] – 15 април
  • Don’t Forget Me [PC] – 20 април
  • MLB The Show 21 [PS5, XSX, PS4, XBO] – 20 април
  • Maskmaker [PC VR, PSVR] – 20 април
  • World Splitter [PC, PS4, XBO, Switch] – 21 април
  • Orbital Bullet [PC] – 22 април
  • Judgment [PS5, XSX, Stadia] – 23 април
  • NieR Replicant ver1.22474487139… [PC, PS4, XBO] – 23 април
  • Assassin’s Creed Valhalla: Wrath of the Druids [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 29 април
  • Legend of Keepers [PC, Switch, Stadia] – 29 април
  • Total War: Rome Remastered [PC] – 29 април
  • New Pokemon Snap [Switch] – 30 април
  • Returnal [PS5] – 30 април

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии