Најновото DLC за Borderlands 3 ќе нè одведе во хаотичниот ум на Krieg

Мартин Јованчевски

во Вести

Се наближува датумот за излегување на четвртото и последното DLC за Borderlands 3. Овојпат ќе навлеземе во главата на стариот, добар и исклучително луд Криг и ќе му помогнеме правилно да ги процесира трауматични сеќавања. Таквото нешто се чини дека е невозможно без лично запознавање на сите внатрешни демони со нашиот арсенал од оружја.

Psycho Krieg and the Fantastic Fustercluck и би требало да биде со слична должина како и претходните додатоци. Низ осумчасовната кампања ќе може да отклучиме нова опрема, оружја и изгледи, како и да го покачиме левелот на 65.

Ова не би требало да биде крај за Borderlands 3. Чисто за пример, по исфрлување на четирите експанзии за Borderlands 2, Gearbox продолжи да ја проширува играта со мини додатоци во уште дополнителна година-и-пол. Со оглед на огромниот успех на тројката не би се изненадиле доколку наидеме и на втора сезонска пропусница.

Psycho Krieg and the Fantastic Fustercluck is Borderlands 3's next DLC |  Shacknews

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии