Најновиот проект на Google ви дозволува да истражувате океани каде острови се автори, а градови се нивни индивидуални книги

Од Google Arts & Culture се нуди комплексно пловење низ невообичаени светови. Имено, со техниката за машинско учење Uniform Manifold Approximation направени се бројни светови кои како да се произлезени од фантазиски светови. Низ огромните океани, островите на кои наидувате се автори, а градовите во нив се всушност нивните дела. Сево ова е поделено во региони како класици, поезија, религија и наука.

Низ океансите површини можете да зумирате во која било област за да ги видите имињата на авторите, а можете и директно да ги пребарате саканите автори. Интересно е тоа што соседските острови се создадени според онлајн односите на писателите, односно ако еден автор често се споменува онлајн со друг, тогаш и двата острови се соседски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии