Најновиот пакет на Humble Bundle ја донира сета заработка за добротворни цели

Традиционално, како и секоја година, од Humble Bundle го исфрлија нивниот пакет од кој сите заработки се донираат за добротворни цели. Yogcast Jingle Jam 2018 крие дигитални добра во вредност од 815 долари, но сите нив, или барем скоро сите, можете да ги добиете по цена од 35 долари. Велиме скоро сите затоа клучевите се со ограничена бројност и доколку го купите пакетот подоцна нема да можете да добиете клучеви за сите работи. Па така, клучевите за играта CardLife: Cardboard Survival, се потрошија уште во првиот час од излегувањето на пакетот. Сите идни копии, најверојатно нема да добијат клучеви за оваа игра, иако, Humble Bundle понекогаш знае да обезбеди дополнителни клучеви во текот на месецот.

Yogcast Jingle Jam 2018 ќе трае до 25.декември. Секој ден, во 18:00 часот, ќе се отклучуваат по неколку дигитални изненадување. Обично добивате клучеви за игри на Steam, но можни се и одредени додатоци за игри, како и попусти. Моментно, се открија подароците за првите два дена.

Оние кои не можат да си дозволат да потрошат 25 долари, но сепак сакаат да придонесат кон добротворни цели, можат да се одлучат за првиот платежен столб. За петте долари кои ќе се решите да ги донирате, добивате Call of Duty: Black Ops 4 C.O.D.E. Salute Pack и можност да напишете порака за време на официјалниот стрим. Пораката ќе биде видена од сите, а можеби и прочитана од стримерите.

Yogcast Jingle Jam 2018 веќе има соберено скоро 1.5 милиони долари. Во случај да решите да го купите пакетот можете да одберете за каква добротворна цел да одат вашите пари. Понудени се осум добротворни цели, но на располагање имате и листа од илјадници други. Еден корисник го има купено пакетот по цена од 3,333.33 долари!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии