Најновиот Firefox доаѓа со Private Browsing за да ви скрие трагите

Новата надградба на Firefox доаѓа со одлична функционалност, Private Browsing, која на корисниците ќе има даде поголема приватност и контрола врз податоците кои ги споделуваат со трети страни. Она што може да се очекува со новата верзија на Firefox е променет изглед на страните во Private мод. Дел од содржините како реклами и копчиња за споделување на социјалните медиуми, како и останати контроли кои би можеле да ве следат, нема да бидат отворени, ниту прикажани.

welcome-en

„Додека прелистувате по Интернет, Firefox помни многу работи наместо вас – пример, страните кои сте ги посетиле. Но постои време кога не сакате луѓето кои имаат пристап до вашиот компјутер да ги видат овие податоци. Приватното прелистување овозможува да прелистувате без да бидат зачувани податоци за веб-страниците кои сте ги посетиле“, вели Mozilla.

Приватното прелистување вклучува и заштита од следење кое ги блокира компаниите да ја следат вашата историја на прелистување на повеќе страници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии