Најновата верзија на VSDC видео едиторот го прави значително подобар

Пред година дена зборувавме за моќните можности на Shotcut. Оваа алатка располага со бројни опции за работа со аудио и видео материјали, но, доколку од некоја причина не успеа да ве импресионира на ист начин како и нас, би можеле да ги проверите потенцијалите на VSDC.

VSDC e уште еден ветеран во полето со уредување видео материјали, а најновата верзија го прави значително подобар. Бесплатната алатка сега ви дозволува директно да ги прегледувате вашите видеа од самиот програм, нешто што не беше можно со претходните верзии, каде се отвораше дополнителен Windows Media Player прозорец. За поголема прегледност, VSDC сега ви дозволува да ја сокриете временската лента на долната страна од екранот или, пак да ја отцепите и да ја префрлите на вториот монитор.

Во борбата за олеснето и поквалитетно справување со вашите видео материјали, VSDC ве опсипува со поддршка за 120 fps, или фрејмови во секунда, како и за 4к видеа, иако, мора да признаеме дека процесот на извезување е значително долг и експорт на едноминутно видео трае пет минути. Поради тоа, на сите оние кои планираат да уредуваат многу 4К видео материјали, би им препорачале да одат со професионалната верзија и да ја искористат предноста на хардверското кодирање.

Враќајки се на можностите на најновата бесплатна верзија, дефинитивно би ја споменале новата, потемна тема, но, доколку повеќе ја сакате светлата, можете да ја најдете во Options, па во Used style. VSDC навистина не е лош едитор. Покрај професионални можности за color grading, овозможени од поддршката за LUT (look up tables), на располагање имате и огромен избор од видео ефекти со задоволителен квалитет.

За крај, VSDC ќе ви дозволи да ги снимите вашите видеа на DVD или Blu-Ray, како и лесно да ги поставите на YouTube. Нè импресионира и вградената алатка за снимање на екранот, што може да користи на оние кои сакаат да прават туторијали, и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии