Самиот Windows 10 оперативен систем има солидна алатка за пребарување најразлични програми, документи, слики, музика, и слично. И покрај тоа, многу корисници не можат да го најдат токму она што го бараат. Најновата осма верзија на Ueli ги пребарува содржините во вашиот хард диск значително побрзо и поверодостојно.
Откако ќе ја инсталирате апликацијата, комбинацијата од копчињата Alt и Space го отвораат полето за пребарување. Напишете го терминот за пребарување и листањето на резултатите ќе започне инстантно, во самиот момент штом започнете со пишување. Од понудените резултати, одберете го саканиот фајл и ќе добиете опции за управување со истиот.

Најновата верзија на Ueli оди дополнителен чекор понапред и дозволува да пребарувате и омилени страни во прелистувачи како Firefox, Chrome, Edge, или Brave.
Апликацијата е достапна и за Windows и за MacОС, во инсталациона или пренослива форма.