Најновата The Sims 4 експанзија ве сели во светот на магиите

Во далечното време кога безвременски тоневме во оригиналната The Sims, Makin’ Magic беше последното, но и најдоброто проширување за играта. Таква експанзија, барем со иста длабочина, некако ја прескокна двојката, па дури и тројката (доколку Supernatural не ги оствари вашите очекувања), но сега се враќа на големата врата во четворката.

The Sims 4: Realm of Magic ви дозволува да истражувате свет кој како да произлегол од универзумот на Хари Потер. Бројни магии и соодветни костими ќе ги трансформираат вашите Сим ликови во волшебници од највисокиот или, барем, најкомичниот ред.

The Sims 4: Realm of MagicThe Sims 4: Realm of Magic ќе можете да истражувате магично царство од лебдечки, виолетови острови и да создавате храна, да се борите, како и да ги трансформирате Сим ликовите во најразлични објекти. Некој да не спомена пијалак? Во новото соседство Glimmerbrook, ви стојат на располагање бројни еликсири од најразлични вредности. Љубовни пијалаци, клетви и пијалаци за отстранување клетви, како и еликсири за подмладување и вечен живот се само дел од вашиот арсенал. Во случај да предизвикот стане премногу голем, ќе можете да ги засукате ракавите и да побарате помош од натприродни сопатници. Да, од самовили, па сè до змејови, бројни магични суштества со задоволство ќе ве придружуваат низ вашите (анти)социјални квестови.

За жал, Realm of Magic не е чистокрвна експанзија туку само Game Pack, нешто што е рефлектирано и со цената од 20 евра. И покрај ова, се чини дека на располагање имаме повеќе од доволно содржини. Додатокот излегува побргу отколку што би можеле да очекувате, и светот на магиите ги отвора портите на 10 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии