Најновата епизода ѕа Guild Wars 2 излегува на 18.септември

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

Најновата четврта епизода од четвртата сезона на таканаречениот Living World на Guild Wars 2 ќе излезе наредната недела. Оваа ММО игра неодамна наполни цели шест години од постоењето и никако не попушта во поглед на популарноста. Четвртата епизода ќе продолжи онаму каде што застана приказната од претходната епизода. Откако Палава Џоко стана неутрализиран од Оурин, командирот и неговите сопатници треба да ги насочат силите кон уште поголем предизвик. Во случај да поминавте низ експанзијата Path of Fire тогаш знаете дека моќта на Балтазар беше впиена од змејот Кралкоторик и работите не би можеле да бидат поочајни. Епизодата насловена како A Star to Guide Us би требало да биде како една транзиција помеѓу овие два настани и да нè воведе во почетокот на петтата сезона. Точно така, пред да излезе Path of Fire, ArenaNet вети дека по крајот на четвртата сезона ќе излезе нова експанзија, па тогаш ќе излезе петтата сезона. Првичниот план на студиото беше да објавуваат по една епизода на секое три-четири месеци и на крајот од секоја сезона да исфрлуваат експанзија. Тоа, по се изгледа, нема да биде случајот и четири месеци по четвртата епизода ќе излезе првата епизода од петтата сезона. Сега, се очекува по крајот на петтата сезона да излезе третата експанзија.

Како и да е, новата епизода ќе ја продолжи приказната на сосема нова мапа. Овој пат, патуваме во Џахај Блафс и можеме да се здобиеме со нова способност која се вика Bond of Vigor. Оние кои имаат огромни нерви и злато, би можеле да пробаат да го направат новото легендарно оружје кое се вика Xiuquatl, а оние кои немаат еден куп злато и време за трошење, би можеле да си се подноват со целосно нов изглед или пак да го проверат најновиот рејд – Mythwright Gambit. Нешто што навистина нè радува е тоа што со епизодата се испорачува и целосно нова механика во форма на Sun’s Refuge. Оние кои ја играле првата Guild Wars игра точно знаат дека се работи за еден вид home instance кај можете да го посетувате со вашите ликови, а и да го надградувате и да го нудите како дом за многу други ликови, миленичиња и предмети.

A Star to Guide Us е бесплатна за сите оние кои ја имаат купено експанзијата Path of Fire. Сè што треба да направите е да се логирате по официјалното излегување на епизодата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии