Најновата епизода од Guild Wars 2 се дели на четири дела и го поплочува патот за третата експанзија

Повеќе од година дена како Guild Wars 2 застранува од претходно воспоставените урнеци за исфрлување епизоди и зазема похрабри чекори во сервирање нови содржини. Ова беше очигледно со последните две епизоди кои, по прв пат, воведоа WvW механики за освојување територии, а и се одвиваа на една мапа.

До крајот на сагата има само уште една епизода, но ArenaNet реши да ја подели епизодата на четири дела и да ја развлече сè до јуни, за кога се очекува и новата експанзија во Канта. Ваквата одлука исклучително нè изненадува. Дали е епизодата премногу голема и е невозможно целосно пласирање од еднаш? Или пак, не чека уште еден сув период каде многу малку нови содржини ќе бидат развлечени низ скоро цела година? Ова е едно од неколкуте прашања кои ги имаме спремено за претставниците од студиото за утре, за кога сме поканети да добиеме екслузивен увид во првото поглавје од епизодата. Во меѓувреме, да разгледаме што отприлика би можело да нè очекува.

На 17 ноември започнува новото поглавје насловено Champions. Змејот Џормаг и понатаму инсистира дека го бараме вистинскиот непријател на Тирија на погрешно место. Откако Тајми ќе детектира вознемирувачко и необјасниво приближување на неочекувана закана, стануваме свесни дека Џормаг можеби и бил во право.

По прв пат до сега, трејлерот не открива нова мапа, што е загрижувачко за поглемиот број играчи. Изгледа дека продолжувањето на приказната ќе се одвива низ мапите од оригиналната игра. Како новитет се истакнуваат новите Dragon Response мисии. На територија на Brisban Wildlands, Gendarran Fields, и Metrica Province чести ќе бидат напади од следбеници на змејот, а наша мисија ќе биде да ги здружиме силите со до пет херои и да ги заштитиме граѓаните.

Ново проширување во Mastery системот дозволува да собираме Dragon Essence директно од уништените непријатели. Ова, за возврат дава привремено зголемување на нашите способности и нѝ дозволува полесно да се спротивставиме на непријателите. Отклучување на второто ниво, дозволува добивање дополнителни материјали, како и опција за купување рецепти за новите Dragon Slayer оружја. Од нови оружја се споменува и Crystal Bloom секирата, како и, нашите омилени, Volcanic Stormcaller оружја.

Со оваа надополнување, претходните две епизоди, No Quarter и Jormag Rising ќе добијат гласовна поддршка, нешто што до сега не беше можно поради моментната ситуација со пандемијата. Имено, ArenaNet не сакаше да го ризикува здравјето на актерите, а не ни сакаше гејмерите да останат без содржини па ги испорача епизодите без гласовна поддршка. Како што нѝ кажа претставник од студиото, проблемот сега е решен така што ArenaNet испрати на сите актери соодветна опрема за снимање од дома.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии