Најнапредното говорно пребарување на Google сега е достапно за iOS

Google ја претстави новата Google Search App за iPhone и iPаd која има подобрено говорно пребарување „кое ќе ви ги одговори сите прашања“. Се работи за пребарување со говор, и не е налик на Siri, говорниот асистент на Apple, иако Google е блиску да ја понуди истата функционалност што ја нуди со Google Now на Android 4.1 JellyBean.

Подобрувањата, објаснува Google на својот блог, се овозможени со Knowledge Graph-oт. Ова семантичко пребарување може да даде конкретни одговори на прашања наместо да даде само линк до сајт каде може да се најдат тие информации.

Интересно, ова подобрено говорно пребарување, односно новата Google Search App но не е достапна за постарите верзии на Google Android, туку само за 4.1 Jelly Bean. Ова е чудна одлука на Google, бидејќи нивниот Android e директен конкурент на iOS. Но, од друга страна, Аpple го чува Siri ексклузивно само за iPhone 4, iPhone 5 и iPad 3 со цел да ја зголеми продажбата на тие модели, додека Google Search App функционира и на постарите iOS модели.

[youtube]n2ZUSPecPRk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии