Најмоќното Arduino има ARM Cortex A8 процесор и работи на целосен Linux

Arduino го објави својот Arduino TRE кој работи на Texas Instruments Sitara AM335x ARM Cortex-A8 процесор. Според Texas Instruments, 1GHz процесор на TRE е најмоќното Arduino досега кое работи целосно на Linux. Arduino TRE ќе биде достапен напролет преку arduino.cc и сите дистрибутери, додека цената се’ уште не е позната.

„За првпат, корисниците на Arduino ќе имаат можност да ги користат сите функции на Linux и ќе имаат пристап до многу опции со што ќе им се овозможи да развиваат помоќни и понапредни апликации, додека ја зачувуваат едноставноста на Arduino корисничкото искуство”, се вели во соопштението на Texas Instruments.

Sitara процесорот на кој работи Arduino TRE нуди мрежен хаб на кој може да се приклучат милиони класични Arduino јазли, со што на корисникот уште повеќе ќе му се доближи ерата на Internet of Things.

Со новото Arduino, ќе нема потреба од посебен компјутер, додека корисниците ќе може да пристапат до сите можности преку различниот вид на опции за поврзување како што се Ethernet, USB, CAN или Xbee Wireless. Како дополнение, корисниците ќе може да развиваат апликации со LCD екрани со висока резолуција, 3D графички картички и да ја зголемат пворзаноста.

AM335x процесорот вклучува два 200 MHz 32 битни програмабилни единици во реално време (PRU) микроконтролери, со кои ќе може да се развиваат апликации кои ќе нудат резултати во реално време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии