Најмалку 120 000 долари во крипто-валути украдени во Твитер измама

„Сакам да и вратам назад на заедницата. Сите биткоини кои ќе ги пратите на адресата подолу ќе ви го вратиме двојно. Ако пратите 1000 ќе ви пратам 2000. Го правам ова 30 минути“. Твитови со оваа и слични пораки беа споделени во среда од Twitter профилите на десетици познати и јавни личности.

Профилите на Илон Маск, Бил Гејтс, Канје Вест, Џо Бајден, Ворен Бафет, Барак Обама, Apple, Џеф Безос беа преземени од измамниците и ја споделуваа оваа порака заедно со адресите на кои требаше да се споделат парите. Секако веднаш по внесувањето средствата беа вадени и за кратко време се украдени над 120 000 долари во крипто валути.

Ова веројатно еден од најголемите и секако еден од најнепријатните напади врз Twitter и најголем напад врз друштвена мрежа.

Засега е непознат идентитетот на напаѓачите, но барем споделени се две веројатни сценарија за нападот. Првото е дека со социјален инженеринг напаѓачот дошол до вработен во Twitter кои ја користел алатката за одржување на профилите на верификуваните профили и со помош на оваа алатка лесно објавувал твитови од сите профили. Второто сценарио е дека напаѓачите успеале да убедат вработен во компанијата да соработува со нив.

Добра вест, ако воопшто има таква е дека набрзина беа вратени профилите и сега се повторно во „рацете“ на сопствениците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии