• sas.com.mk е убедливо најневеројатниот сајт за јавна установа која опслужува по илјадници луѓе секој ден!

Инспирирани од sas.com.mk направивме кратка листа на најлоши јавни .mk сајтови. Сите овие сајтови подолу се наведени како „корисни линкови“ на голем дел од .gov.mk сајтовите. Па погледнете колку се корисни.

  • Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер има сајт кој доволно објаснува дали вие имате право за слободен пристап до информации од јавен карактер! :) (Поправка: Подолу во коментарите Даниел Јанев пиша дека правиот сајт на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации е komspi.mk/. Ова е добра вести што Комисијата има валиден сајт, но проблемот останува бидејќи овој конретен линк е изоставен на поголемиот дел од „корисни линкови“ наведени на многу .gov.mk сајтови каде што стои линк до стариот и празен сајт. Затоа и го промашивме правиот сајт.)

  • Биро за Регионален Развој е „прекрасен“ сајт со интерактивна мапа, сајт полн со занимливи информации кои ја истакнуваат работата на ова bureau!

  • Општина Куманово е една од најголемите општини па затоа на својот сајт има не една, туку две објави. :)) (tnx Toni)
  • Македонија пат е одличен сајт полн со информации и со галерија исполнета со не една, туку шест слики од мостови. (tnx @jeton)

Останатите .gov.mk и сајтовите на организации и државни агенции се воглавно добри… meh… дури и општинските сајтови. Тие содржат доволно информации за да се информираат граѓанините и да се снајдат што мислам дека е побитно од самиот дизајн.

Но… доколку пропуштивме некој добaр mkfail сајт на јавни сервиси и установи, слободно пишете го во коментарите.

20 коментари на “Најлоши .mk сајтови на јавни сервиси и установи

    1. O.. и те како му фали. :) Сајтот нема никаква содржина на него, освен една мапа на која се клика и биографија на директорот.

      1. Будали се зошто не ја продолжиле твојата работа .
        Или тргнале од правилото се што е правено од друг не чини
        Ова "objava_sea.html" им е закон подобро име за датотека не сум прочитал

  1. http://www.sud.mk иако изгледа прилично web1.0 содржи големи количини на корисни текстови од судската практика во Македонија. Не треба да биде сѐ фенси за да биде употребливо.

      1. Ова е корисен линк од новиот сајт на Врховен. Пишува дека се „законите на РМ“ а сајтот е Македонски правен ресурсен центар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии