Најинтересните одговори на Гејб Њуел од Valve во неговата AMA сесија

Гејб Њуел, човекот зад кој стои компанијата Valve и платформата за дигитални игри – Steam, реши да ги удостои сите заинтересирани со AMA (Ask me Anything) сесија. Она што следува е збир од најинтересните прашања и одговори од представник на движечката сила која ги обедини гејмерите со Steam, а пружи незаборавно искуство со игри како Half-Life, Counter Strike, Left4Dead, Dota и Portal.

Гејб Њуел, човекот зад Valve и Steam

Неговата омилена игра не е Half-Life!

На прашањето за омилената Valve игра или серијал, Гејб се изјасни дека Portal 2 е за него најдобрата игра за еден играч, а од нивните мрежни игри, највеќе време посветува на Dota. Ваквиот одговор ги збуни гејмерите кои очекуваа некаде во одговорот да чујат Half-Life. Поради тоа, не изненади прашањето за што највеќе се кае за Half-Life. Гејб објасни дека играта не му е омилена затоа што во изработката на Half-Life многу повеќе бил ангажиран при донесување на клучните одлуки и дека е поедноставно за него да биде фан на работи во кои не влијаел директно и со голем интензитет. Ова ја насочи дискусијата да се постави прашањето дали има шанса да се појави нова игра во Half-Life/ Portal универзумот, на што GabeN одговори потврдно (Yep).

Тие секогаш слушаат

За време на сесијата, една храбра душа праша зошто Valve не ја информира заедницата за игрите и апликациите на исто транспарентно ниво како и останатите компании. Гејб објасни дека во улога влегувааат комплексни фактори и дека никако не сакаат бесцелно да го трошат времето и парите на фановите пласирајќи едно, а потоа сменувајќи многу или пак целосно откажувајќи некој проект. Секој пат кога треба да се изјаснат, тие сакаат таквата комуникација да биде воспоставена преку нивните производи и обично кога работите се целосно завршени. Она што човекот значително потенцира е дека таквиот однос не значи дека не слушаат и дека таквото нешто не би можело да е подалеку од вистината.

Valve да работи на еден енџин, да инвестира во хардвер, но и во вештачка интелигенција

Source 2 енџинот e и продолжува да биде нивната главна алатка за развивање игри. Гејб се надоврзува дека, покрај префрлувањето на Dota 2 на овој енџин, планираат да го користат истиот и како фондација за други, ненајавени производи. Се работи и на тоа потенцијалите на Source 2 енџинот да станат достапни за пошироката јавност, односно надворешната развивачка заедница. Таквото нешто би било бесплатно. Преку други дополнителни прашања за иднината на компанијата, Гејб објасни дека Valve не би можела да продолжи да создава искуства без инвестиции во харверот и дека за време на таканаречениот knuckles контролер, развиваат и нивни игри во виртуелна реалност. Дополнително, посветуваат време на вештачката интелигенција и потенцијалите кои можат да произлезат од процесирање непресушен извор податоци од страна на интелигентни машини. Лично, Гејб најмногу е заинтересиран за истражувањата посветени за интерфејс помеѓу мозокот и компјутерот.

Игри со секс без цензура се проблем за Valve

На прашањето дали би дозволиле објавување игри со порнографски содржини да се продаваат на Steam, Гејб објасни дека такво нешто не може без да се решат два проблеми. Првиот проблем се јавува при овозможување соодветна алатка за дистрибуција за развивачите, а вториот при овозможување соодветни алатки кои би им дозволиле на посетителите да најдат и филтрираат содржина која е најдобра за нив. Читајќи меѓу редови, би можеле да помислиме дека Valve сака вакви игри да се појават на Steam, но мора многу да се внимателни на тоа кој и како би бил изложен на нив.

Half-Life 3 ќе излезе! А можеби и не…

Прашањето кое сите сакавме да го поставиме е каков е статусот за Half Life 3/Half Life 2 Episode 3? Дали Valve и понатаму работи на чистокрвни игри за еден играч, бидејќи анонимен извор од Valve кажал дека Half-Life 3 е откажан. Дали е тој извор легитимен? Многу, ама многу добри прашања, но што кога на вакви прашања ќе се каже нешто за да се каже ништо?

„Бројката 3 не смее да се спомнува,“ пишува Гејб и продолжува: „Да. Јас лично верувам на сите неиндефикувани, анонимни извори на интернет“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии