Најголемите друштвени мрежи се подготвуваат за изборите во САД

Изборите во САД се одржуваат на 3 ноември и најголемите друштвени мрежи се подготвуваат за денот на изборите. Доналд Трамп и Џо Бајден ја завршуваат својата камапања, а Facebook, YouTube и Twitter веќе се подготвени за надминување на проблемите од минатите избори.

Пораките на разединување на денот пред изборите како и во периодот пред изборите оваа година се значително намалени. За праксата на денот на изборите со претставниците на трите најголеми платформи од овој тип зборуваше New York Times.

Facebook

Facebook има над 35000 вработени во овој сектор кои во периодот пред изборите го следат дезинформирањето. Фокус е фокусирана координирана работа на повеќе различни групи. Овој тим ќе биде во состојба на зголемена готовност на денот на изборите. Дополнително на денот на изборите настаните на друштвената мрежа ќе бидат разгледувани во „воена соба“. Тука во цело време ќе биде присутен тим од десетици вработени, кои ќе бараат опасности за дестабилизација на изборите.

Што се однесува до политичките огласи. Facebook ги забрани новите огласи од 20 октомври и додаде нов податок на овие огласи кој покажува кој платил за рекламата.

На денот на изборите ќе биде присутна специјална нотификација на која ќе се известува дали има официјални резултати.

Twitter

Микро-блогот Twitter во целост ги забрани платените политичките реклами на својата платформа од минатата година. Од пред неколку месеци Twitter го забавува ширењето на лажни вести од политичарите, а започнаа и со одбележување на пораките со лажни пораки кои се споделуваат од политичарите.

На денот на изборите Twitter ќе се фокусира на отстранување на дезинформациите и мрежите на ботови кои шират дезинформации. Што се однесува до објавувањето на победа, предвидено е барем два независни новински извори да излезат со сопствени предвидувања на победникот пред кандидатите да можат да објават „славенички“ твит.

YouTube

YouTube баш и нема да биде во фокусот на изборите. Тимот пред изборите споделува линкови за локациите за гласање, а на денот на изборите ќе се фокусираат на додавање на коментари дека пребројувањето не е готови на сите видеата во кои се дискутираат резултатите.

Огласувањето во врска со изборите ќе престанат веднаш што се затворат гласачките места.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии