Најголемиот видeо сервис стартуваше апликација за стримање музика

YouTube влегува на големи врати во загушениот музички пазар. YouTube Мusic е мобилна апликација за Android и iOS, моментално достапна само во САД, со која ќе им конкурира на другите популарни музички сервиси како Spotify, Deezer, Rdio… Всушност, YouTube Music од старт е најголемиот сервис меѓу конкуренцијата.

Иако YouTube е видео сервис, тој веќе со години е еден од најпопуларните сервиси за слушање музика и гледање спотови. Откако Gangam Style го скрши мразот, сега има над 10 видео спотови кои надминуваат една милијарда прегледи, и тоа што е важно е што времето што им е потребно да стигнат до оваа бројка станува се пократко. Знаејќи го ова, и успехот кој го забележува Spotify, беше само прашање на време кога YouTube ќе стартува своја уникатна апликација за слушање музика.

Апликацијата стартува како “фримиум” модел, бесплатна е за сите корисници, но ако сакате да нема реклами ќе плаќате месечна претплата YouTube Red од 10 долари , од кои дел ќе оди за креаторите на содржина. Оваа претплата, односно можноста за заработка, ќе ги мотивира креаторите на видеа да прават ексклузивна содржина за своите претплатници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии