Најголемиот турнир во Централна и Источна Европа во Counter Strike: Global Offensive

Македонската Еспорт Федерација и ESPORTSMK ги најавуваат квалификациите за еден од најголемите турнири за Централна и Источна Европа во Counter-Strike: Global Offensive поддржан од Intel.

Почнувајќи од 18.09.2020 (петок) па се до 20.09.2020 (недела), ќе се одржуваат квалификациите за кои два тимови ќе ја претставуваат нашата држава на главниот турнир кој поради моменталната ситуација со Covid-19 ќе се одржи онлајн.

За да се квалификувате за овој настан, секој тим треба да се пријави на соодветниот национален квалификациски турнир. (Линковите ќе ги најдете подолу во објавата)

Квалификациите ќе се одвиваат преку FACEIT платформата распоредени во две рунди. Секој полу-финалист од двете рунди или денови оди во плејоф фаза каде осум тимови ќе се борат и ќе имаат шанса да ја претставуваат нашата држава. Двете екипи кои ќе стасаат до финалето на плејофот ќе ја претставуваат нашата држава на главниот турнир.

CEE Champions и генералниот партнер, Intel се надеваат дека ќе го популаризираат еспортот во Источна и Централна Европа со тоа што ќе им овозможи на локалните тимови од овие простори да заиграат интернационални турнири со прилично добар награден фонд. Наградниот фонд за овој турнир изнесува 15,000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии