Најголемиот регистар на домени GoDaddy го купи српскиот ManageWP

GoDaddy ја купи технологијата зад ManageWP од српската компанија Devana Technologies, јави Startit.rs. ManageWP е технологија за менаџмент со повеќе WordPress сајтови. Апликацијата останува самостојна, а дел од можностите ќе бидат интегрирани во планот за хостирање GoDaddy Pro.

Условите од договорот не се јавно достапни, но Брајан Кросгард вели дека зделката е структурирана на валуација по заработката. Двете компании не дискутираа за финансискиот дел од зделката.

1-Click-Login-Featured

ManageWP е еден од проектите од регионот кој е успешен, сервисот го користат над 280.000 WP базирани сајтови. Тимот во Србија има околу триесетина вработени. Основачот на компанијата Владимир Преловац, се сели во САД и ќе биде сместен во канцелариите на GoDaddy во Санивејл.

„Се сретнавме со нивниот тим пред неколку месеци, ме воодушевија. Продукцијата, инженерите, раководството, сите имаат фантастична визија. Им се допадна идејата да го интегрираат ManageWP – продукт во кој веруваат, во страниците на милиони луѓе.“, вели г. Преловац.

ManageWP е основан во 2010 и лансиран во 2012. Компанијата имаше над 20 конкуренти, кои имаа слична технологија. Благодарение на тоа што беа пред конкуренцијата, компанијата успеа да стане еден од лидерите за ваков производ. Во првиот месец ManageWP успеа да заработи над 100,000 долари.

1 коментар на “Најголемиот регистар на домени GoDaddy го купи српскиот ManageWP

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии