Најголемата YouTube ѕвезда е детинест гејмер со над 32 милиони претплатници

Феликс Арвид Улф Кјелберг е најверојатно најголемата YouTube ѕвезда во моментов. Доколку не го препознавте според името, тогаш најверојатно го знаете по неговиот YouTube прекар PewDiePie. На YouTube е присутен од 2010 година и сега има над 32 милиони корисници кои го следат. Неговите видеа се прегледани над 6,6 милијарди пати, а само во 2013-та година PewDiePie успеа да заработи 4 милиони долари од Google Ads.

Бројките на PewDiePie се неверојатни, но уште поневеројатни се неговите видеа кои се смешни пародии на видеоигрите. Најчесто потсетуваат на „Lets play…“ во кои тој ги презентира видеоигрите преку игра и забавни коментари. Добар дел од критичарите сметаат дека неговото однесување е премногу детинесто и дел од коментарите му се премногу вулгарни, но неговата публика го сака, иако на многумина нема да им се допадне неговиот стил. Мистеријата за неговата популарност доби и свој subreddit каде се дискутира зошто PewDiePie има толку посети.

„За разлика од многу професионално продуцирани емисии, мислам дека остварив поблизок контакт со моите гледачи, рушејќи го ѕидот помеѓу гледачите и екранот. Тоа што јас и останатите YouTube-ери го правиме поинаку е сосем различно, како да седите и да го гледате вашиот другар додека игра видеоигра. Моите фанови имаат поинакво сфаќање за тоа штп го гледаат“, кажа PewDiePie во јуни, кога имаше „само“ 27 милиони YouTube претплатници.

[youtube]nxQO53J2_OQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии